Премиера на претставата „Коцкар“ од Достоевски, во режија на Дејан Пројковски
Народниот театар-Битола вечер на големата сцена во матичниот театар премиерно ќе ја прикаже претставата „Коцкар“ од Фјодор Михајлович Достоевски, а во режија на Дејан Пројковски.
Со оваа претстава театарот ја почнува новата сезона. Станува збор за ансамбл претстава со голема актерска енергија во која се вклучени 14 актери од сите генерации, а по подолга пауза на театарската сцена ќе настапи и актерката Јоана Поповска, доајен на македонското глумиште.
- Актерскиот потенцијал за оваа претстава е искористен до максимум и тоа ја прави таа да биде многу силна. Ние, актерите имаме можност да го прикажеме тоа за што досега немавме можност и кое можеби беше заради различен концепт и принципи на подготовка на претстава. Многу сакам да зборувам за оваа претстава, но многу повеќе сакам самата претстава да зборува за себе, рече меѓудругото актерот Огнен Дранговски кој вечер ќе ја толкува главната улога, ликот на Алексеј Иванович.
Режисерот Пројковски главниот женски лик на Полина Александровна и го довери на актерката Илина Чоревска, која во пресрет на вечерашната премиера нагласи дека публиката ќе има прекрасна можност да следи ансамбл претстава со многу актери меѓу кои и доајенот на македонското и битолското глумиште Јоана Поповска.
- Претставата е жестока, а жестокоста ја прават големите и малите улоги во претставата. Во два и пол часовната претстава, на публиката ќе и биде прикажано нашето гледање на „Коцкар“ од Достоевски. Можеби е добро што претставата е направена во Битола бидејќи денес, во градот се повеќе има коцкарници и дека се повеќе млади луѓе заглавуваат во своите животи трагајќи по еден одреден адреналински шок. Претставата е актуелна и нуди важни пораки, нагласи актерката Чоревска.
Сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, сценските движења ги подготви Олга Панго, костимографијата е на Благој Мицевски, а композитор Горан Трајковски.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата