Клиничка болница-Битола наскоро со функционален акцелератор
Клиничка болница во Битола денеска почна да инсталира акцелератор за терапија на лица заболени од канцер и се очекува тој да биде во функција за неколку месеци.
Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски денеска ја посети болницата при што изјави дека акцелераторот необјасниво долго бил во визбите на таа јавна здравствена установа, но со денешниот почеток на монтажата, овој важен медицински апарат конечно ќе биде во функција на пациентите.
- Јавноста знае дека акцелераторот долго време беше во подрумот на болницата. Со промената на власта, Министерството за здравство се зафати со работа да се пристапи кон монтирање на акцелераторот. Ги исконтактиравме сите изведувачи, се работи со одредена динамика и се надевам дека во следните месеци ќе се пушти акцелераторот, со што пациентите од овој регион не ќе мора да патуваат во Скопје за оваа здравствена услуга, истакна Чакаровски.
Во рамки на посетата Чакаровски се сретна со менаџерскиот тим на болницата и како што рече, договорена е динамика за монтажата на акцелераторот.
- Се надеваме дека за кратко време, месец до два, ќе се изврши технички прием на овој софистициран апарат за да функционира. Нашата намера е до детал да ги спроведеме сите неопходни работи, додаде Чакаровски.
Акцелераторот беше набавен во 2013 година.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји