Откриен идентитетот на крадецот фатен на дело во Клинички
Кумановецот Ј.А. вчера околу 15 часот пријави дека на паркингот кај гаражите на Инфективната клиника, во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ од страна на непознато лице со употреба на погоден предмет било скршено стаклото од задната лева врата од патничко моторно возило “Алфа Ромео 159“ со кумановски регистерски таблици и бил одземен еден несесер темно сина боја и една женска чанта.
Непосредно по извршеното кривично дело лицето било забележано од страна на двајца вработени во обезбедувањето.
-Иако лицето почнало да бега, службениците од обезбедувањето го стигнале и задржале до доаѓањето на полициските службеници. Сторителот бил приведен во Полициска станица Центар, каде што е идентификуван, односно е утврдено дека се работи за Х.С. (42) од Скопје. Со него е извршен разговор при што дополнително е дојдено до сознание дека истиот извршил уште едно кривично дело во декември минатата година, информираат од полицијата.
Како што информираат од МВР, на 15-ти декември околу 13 часот на ул.“Самоилова“ на паркинг простор тој со погоден предмет го скршил задното десно стакло од патничко моторно возило “Пасат“ со тетовски регистерски таблици и одзел една ташна, по што го напуштил местото на настанот.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“