Потврдена смртта на планинарите, телата пренесени во болницата во Јаница (Ениџе- Вардар)

Телата на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан се пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе- Вардар), откако беа извлечени од спасувачките екипи, дознава МИА.
Смртта на 28 - годишната К.В. и 35 - годишниот А.М., јавува дописникот на МИА од Атина, ја потврдија и од грчката противпожарна служба.
- Вчера во 14:30 часот, беше известена и веднаш се активираше нашата служба за спасување на две лица, кои исчезнаа на врвот од планината Ниџе. Поради лошите временски услови, силната бура и непристапноста на теренот, обидите за пронаоѓање беа залудни и продолжија и денес. Во акцијата за спасување беа вклучени 16 противпожарни службеници во четири возила. Спасувачки екипи од противпожарната служба, со специјално возило, ги лоцираа исчезнатите лица на надморска височина од 2.524 метри и со специјална планинарска опрема пристапија и ги извлекоа мртви, 28 годишната К.В. и 35 годишниот А.М. Телата во 13.30 часот денес беа предадени на итната помош, соопштија од грчката противпожарна служба, објави МИА.
Ново на Сител
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
-

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
-

Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан
-

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ - учениците влегуваа од другата страна
-

Дрон погоди минибус во рускиот Брјански регион, возачот загина, а пет лица се повредени
