Сообраќајот отежнат, одрони и забрани за камиони на дел од патиштата

Поради отстранување одрони во близина на село Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин. Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато и Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и село Шипковица- Попова Шапка.
Поради појава на магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена од 30 до 40 метри, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Kрива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешници, Дебар и Прилеп.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
