ВМРО-ДПМНЕ: Невини луѓе повеќе од три месеци се жртви на политички прогон

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираа на политиките на СДСМ.
„Десетици македонски патриоти повеќе од три месеци се жртви на континуиран политички прогон за измислен тероризам.
Невини луѓе, доктори, глумци, режисери, политички без никаква правна основа се држат во привор во Истражниот затвор Скопје.
Институциите не смеат да се злоупотребуваат за фабрикување на политички постапки и политички прогон.
Конструираните случаи не смеат да станат наше секојдневие!
Судот мора да биде заштитник на законитоста и да работи согласно со Уставот и Законите без разлика на притисокот со кој се соочува
Власта на СДСМ со притворањето на сите оние кои гласно се спротиставија на деструктивните политики на Зоран Заев, покажа дека нема намера да ги почитува демократските вредности.
Македонија има потреба од независно судство кое ќе биде заштитник на граѓаните на оваа држава.
Судот со своите постапки мора да сфати дека е најдиректен и најодговорен учесник во се поголемиот раздор и продлабочување на кризата.
Судот и правосудните органи ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за пресметка со сите оние кои размислуваат различно од СДСМ и Зоран Заев.
Судот и сите останати институции мора да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот, Уставот и мегународните договори ратификувани согласно истиот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
