Белгиското обвинителство побара 20 години затвор за Салах Абдеслам
Белгиското обвинителство побара 20 години затвор за Салах Абдеслам, обвинен за напад со огнено оружје против полицајци пред две години во Брисел. Обвинителството бара осудениот да одлежи најмалку 13 години.
Во Брисел денеска почна судски процес против единствениот преживеан од нападите во ноември 2015 во Париз, терористот Салах Абдеслам.
Во текот на ноќта терористот беше пренесен од затвор во близина на Париз и со полициски конвој префрлен во Белгија.
Брисел е под засилени мерски за безбедност поради стравување од нов напад додека трае судскиот процес во главниот град на Белгија.
За сега не е прецизирано дали Абдеслан ќе зборува пред судот. Процесот ќе трае четири дена и е поврзан со престрелка во Брисел по нападите во Париз. Абдеслам успеа да се врати во Брисел по нападите во Париз и се криеше повеќе од три месеци.
При пролициска проверка тој и негови сооучесници пукаа врз полицијата.
Претстои судски процес и во Франција каде Абдеслам е обвинет за учество во нападите во Париз.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.