Македонија
15. October 2015 - 20:07

Премиерот Никола Груевски денеска е во реонот на скопска Кисела Вода

Нова училишна зграда за децата со оштетен вид. По повод меѓународниот ден на белиот стап, свечено во употреба беше пуштен објектот кој ќе го корситата 60 тина деца од училиштето Димитар Влахов. Училниците се целосно опремени со нагледни средства специфични за децата со оштетен вид, обезбедена е браева машина, печатач, математички апарат. Инвестицијата вредна 36о илјади долари е на американската амбасада.

Премерот Груевски при својата работна посета во општина Кисела Вода оствари средби со жителите на Припор, Усје, Пинтија , Драчево. Како проблем гражаните ги посочуват атмосферската и фекална канализација. Жителите на Припор побараа и продолжување на автобуската линија 24 за 700 метри.

Жителите на Усје побраа прошурување на патот, подобрувањ на полските улици како и поинтезивно собраќање на автобуските линии. ПОбраа да се разгледа и можноста да им се изгради регионалане пат во должина од 5 киломери кој ќе ги поврзува со сончев пат.

 Во наслебата пинтија во тек е изградба на детска градинка со капацитет за 80 деца а за истите беа издвоени 19 милиони денари. Жителиуте задоволни од владините проекти.

При посетата во драчево беше истакната потребата за инсулинска амбуланта.

Премерот Груевски ги информираше жителите на Кисела вода дека наредниот месец  започнува третата фаза од изградбата на булеварот Борис Трајковски  на потегот до Пинтија во должина од 2 километри.