Меѓуетничката интеграција меѓу мерките на Стратегијата за образование
Инцидентите меѓу младите се резултат на градење атмосфера на нетрпеливост, на национализам и меѓуетничка омраза, што беше секојдневие во минатото и поттикнувано од највисоките државни функционери, но сегашната Влада се обидува да го промовира и до го рашири концептот живот за сите, заедничко живеење на сите етнички заедници, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска во врска со вчерашната тепачка меѓу две групи малолетници.
Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето грантови од фондот „Градиме мостови“, Дескоска истакна дека учењето на младите на толеранција и соживот меѓу различностите е и една од мерките во Стратегијата за образование 2018-2025 која беше усвоена во вторникот на седница на Владата.
- Како Министерство поддржуваме проекти што значат меѓуетничко зближување на младите од различни етнички групи. Во Стратегијата се предвидени мерки кои значат грдаење соживот и учење на младите дека тоа е иднината на Република Македонија, истакна Дескоска.
Појасни дека во концептот на наставните програми ќе бидат внесувани елементи за запознавање на различностите, мултиетничката компонента ќе биде внесена и во учебниците, и во наставните планови, а за градење соживот ќе се обезбедуваат и просторни услови, односно сите ученици да учат во исти училишни згради.
- Во некои општини, на пример во Тетово и Куманово, ученици на македонски јазик учат во една зграда, а ученици кои учат на албански јазик учат во друга зграда. Тие се физички одвоени, што не е добра пракса. Правиме напори со градоначалниците да се обезбедат сите проектни документации и дозволи за градба со цел да ги срушиме прво тие физички бариери. Да се види дека кога учат заедно, во едно училиште, тоа може да биде позитивно, а не извор на тензии и конфликти, рече министерката за образование.
Покрај меѓуетничката интеграција, Стратегијата за образование има активности кои ги опфаќаат сите компоненти на образовниот процес - предучилишно, основно, средно, високо образование и доживотно учење, кои се структурирани во периодот од 2018 до 2025. Некои компоненти, рече Дескоска, се однесуваат на сите образовни нивоа, како на пример обезбедувањето еднаков пристап до образование за сите, вклучувајќи ги децата со посебни потреби, како и подигнувањето на квалитетот на образованието.
Во средното образование внимание му се посветува на стручното кое, рече министерката, во изминатиот период беше маргинализирано и ставено настрана. Целта е средното стручно образование да сес поврзе со бизнис-заедницата со цел да се создадат наставни планови кои ќе соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност