ЕУ го повика Лондон да ги почитува правата на сите државјани на Унијата
Бугарија, во својство на претседавач со ЕУ, ја предупреди Велика Британија да не се обидува да го смени статусот на државјаните на земјите членки на Европската унија по Брегзит.
Повикот доаѓа по изјавата на британската премиерка Тереза Меј која најави дека државјаните на членките ЕУ кои се доселиле во Велика Британија пред и по Брегзитот нема да имаат ист статус.
- Сите правни норми на ЕУ мора да бидат почитувани за време на преодниот период, изјави бугарската министерка задолжена за претседавањето со ЕУ, Лилјана Павлова.
Статусот на државјаните на земјите од ЕУ кои живеат во Велика Британија е едно од главните спорни прашања во преговорите меѓу Брисел и Лондон.
Меј изјави дека мигрантите кои се доселиле пред Брегзит дошле во Велика Британија со очекување дека ќе живеат во земја членка на ЕУ, и поради тоа и натаму ќе ги уживаат сите стекнати права. Но, идните доселеници, според Меј, ќе доаѓаат свесни дека одат во земја што веќе не е членка на Унијата и поради тоа нивниот третман ќе биде поинаков.
Павлова изјави дека цел на бугарското претседателство е да го зачува единството на 27-те преостанати држави членки на ЕУ во преговорите со Велика Британија, пред се затоа што Британците добиле силна поддршка од САД за јасно и целосно раскинување на односите со Унијата.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија