Протести против промена на уставното име на Република Македонија организирани од македонската дијаспора
Под мотото “НиеСмеМакедонија” македонци ширум светот излегоа на протести за заштита на идентитетот, јазикот , името, како и за зачувување на унитарноста на државата. Македонскта дијаспора бара Владата да прекине со секакви разговорите со Грција околу нашето уставно име и да прекине понатамошната процедура за донесување како што велат противуставниот закон за јазици.
Протестите викендот почнаа во Нов Зеланд и Израел
Денеска на централни локации протести се одржаа и во Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а утре ќе се соберат македонците во Малта.
И во Скопје повеќе патриотски здруженија за иста цел протестираа пред собранието и се упатија кон клубот на пратеници каде е закажана лидерската средба.
Патриотските здруженија за од понеделник најавија помасовни протести.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар