Политички координации во Скопје и во Атина за предлозите на Нимиц

Премиерот Заев на денешниот координативен состанок треба да го запознае шефот на државата и лидерите на главните политички партии за разговорите и ветувањата што му ги даде на грчкиот премиер Ципрас во Давос, како и за отстапките што ќе ги направи Атина.
На денешниот кооридинативен состанок кој почнува во 18 часот ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, што ја предложи медијаторот Нимиц во Њујорк.
Според најавата на состанокот ќе присуствуваат претседателот Иванов, премиерот Заев, шефот на дипломатијата Димитров, и лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
Паралелно со координацијата на македонскиот државно-политичкиот врв, грчкиот премиер Ципрас за средбата во Давос и предлогот на Нимиц на одделни состаноци ќе ги информира претседателот на државата, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии.
Овие средба доаѓаат во пресрет на посетата на медијаторот Нимиц на Атина и Скопје и најавата на Премиерот Заев дека земјава е подготвена да ги смени имињата на аеродромот и на автопатот.
,,Од владата не прецизираат кога ќе биде донесена одлуката за преименување на аеродромот и во кое име и на автопатот, Александар Велики‘‘ во ,,Пријателство‘‘. Од владината прес служба повеќе детали најавуваат следната недела‘‘.
Ново на Сител
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
-

Најмалку 19 луѓе се повредени во судир на воз и автобус во Франција
-

Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон
-

Американски тренер во гимнастика осуден на 90 години затвор за детска порнографија
-

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видео повици
