Утре консултации на власта, опозицијата и претседателот за името- дали е можен консензус?
Премиерот Заев ќе може во сабота да го запознае шефот на државата и лидерите на главните политички партии за разговорите и ветувањата што му ги даде на грчкиот премиер Ципрас во Давос, како и за отстапките што ќе ги направи Атина.
За утре во 18 часот е закажан координативниот состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, што ја предложи медијаторот Нимиц во Њујорк.
Според најавата на состанокот ќе присуствуваат претседателот Иванов, премиерот Заев, шефот на дипломатијата Димитров, и лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
Паралелно со координацијата на македонскиот државно-политичкиот врв, грчкиот премиер Ципрас за средбата во Давос и предлогот на Нимиц на одделни состаноци ќе ги информира претседателот на државата, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии.
Овие средба доаѓаат во пресрет на посетата на медијаторот Нимиц на Атина и Скопје и најавата на Премиерот Заев дека земјава е подготвена да ги смени имињата на аеродромот и на автопатот.
,,Од владата не прецизираат кога ќе биде донесена одлуката за преименување на аеродромот и во кое име и на автопатот, Александар Велики‘‘ во ,,Пријателство‘‘. Од владината прес служба повеќе детали најавуваат следната недела‘‘.
Во меѓувреме, во грчката јавност се дебатира, за барањата за отстранување на спомениците и посебно за промена во уставот на Република Македонија, односно дали тие чекори се гаранција дека ќе се отстрани, како што велат иредентизмот.
Дилема отвори и Министерот за надворешни работи во сенка на Неа Демократија, Јоргос Кумуцакос за кого нема гарации дека преименувањата нема да се вратат, а чекорите што ќе ги направи Грција се неповратни.
За неспомнување на промена во Уставот велат дека причината е што Заев му објаснил на Ципрас дека нема такво мнозинство во Собранието, па барањето е прескокнато во изјавите од Давос.
Весникот ,,Вориа‘‘, анализирајќи ги грчките барања прашува: Зошто отстранувањето споменици и промена на имиња на улици, аеродроми, инфраструктура, и Уставот не гарантира отфрлање на иредентизмот. Притоа се поставува дилемата дали се тоа силни грчки аргументи или начин полесно да се убеди јавноста да прифати решение.
,,Што ќе се случи доколку се предомислат и повторно го вратат Устав и сите други промена во претходната состојба, откако ќе ја постигнат целта за која ќе се залагаме, членство во НАТО и во ЕУ? Ќе водиме војна? Кое политичко и дипломатско оружје ќе го имаме за да ги вратиме назад на договореното?‘‘, прашува ,,Вориа‘‘.
-
Валентин Николоски
Сите содржини од овој новинар