Роса Отилиа Рамирез (32) е застрелана на 19. јануари додека се враќала во својот дом откако ја однела ќерката на училиште. Камерите го снимиле моментот кога маж и пришол од зад грб и и пукал во глава.
Полицијата изјави дека убиецот веројатно е некој која ја познавал и дека се работи за злосторство од страст. Се уште никој не е осомничен ниту уапсен.
Државните медиуми објавија снимка од надзорните камери и повик на полицијата за помош и информации за бруталното убиство. Гватемала е една од земјите во светот со најмногу насилства.
Според полициските извештаи во 2009 година во Гватемала се убиени повеќе цивили отколку во Ирак кој беше зафатен со војна, а 97 отсто од убиствата останаа нерешени.
„Гватемала е добро место за убиство зошто таму речиси е сигурно дека може да се извлечете“, изјави тогаш службеник на ОН.