Почнува инвестицискиот циклус во патната инфраструктура
Се финализираат деталите за потпишување на едниот анекс за автопатот Кичево Охрид. Првичниот рок според кој автопатот требаше да биде завршен истекугва на 31 јануари.
Сега Владата со кинеската компанија преговара за нови три години во кои ќе биде довршен проектот. Во однос на вториот анекс со кој ќе се регулира прашањето за дополнителните пари кои ќе треба да ги плати државата, детали и натаму нема.
- За после истекување на рокот од 31ви јануари да биде изгласан предлог на Законот во Собрание и потоа да биде потпишан анексот за договорот, изјави министерот Сугаревски.
Од следниот месец почнува изградбата на експресните патишта Градско- Дреново и Штип- Радовиш. Градежните активности на патот од Ранковце до Крива Паланка пак ќе стартуваат од март. . Планирана е реконструкција на повеќе од 50 регионални патишта, санирање на свлечишта а во програмата влегуваат и парите за модернизација на патарините кои беа обезбедени преку кредит од ЕБОР.
Она што е посигурно е дека годинава ќе се вози по два нови автопати. Демир Капија Смоквица треба да биде готов до март, а Миладиновци Штип до октомври. За вториот Владата се испазари да не плаќа пенали на кинеската фирма изведувач поради пробивањето ан рокот.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар