Бејли: Претстои уште многу работа да се заврши, а малку време за тоа
Претстои уште многу важна работа да се заврши, а малку време за да се постигне тоа, изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли за обврските кои треба да се спроведат согласно роковите од договорот од Пржино.
- Јанева веќе даде изјава и кажа дека ќе започне да ја врши нејзината важна работа и ќе продолжи да се залага за обезбедување на потребниот персонал и ресурси коишто и се потребни. Ќе напоменам дека 108 пратеници на Парламентот, четирите политички партии и Советот на обвинители ја избраа едногласно поради нејзиниот професионализам и правичност и мислам дека тие би сакале да и ги дадат средствата коишто таа смета дека и се неопходни за да ја спроведе нејзината важна работа, рече Бејли на новинарско прашање по пуштањето во употреба на нов објект за Средното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Според него, многу е важно да се спроведе веродостоен независен судски процес за прашањата кои произлегоа од прислушуваните материјали.
- Ова е многу важно за да и помогне на Македонија за да излезе од ситуацијата во која се наоѓа во моментов. Се надевам дека останатите процеси ќе продолжат. Претстои уште многу важна работа да се заврши, а не многу време за да се постигне тоа, рече амбасадорот Бејли.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД