ЕП - Хрватска 2018: Македонија заврши на 11.то место
Европското првенство за Македонија заврши со две победи, едно реми и три порази и освоено 11.место. Почетокот добар завршницата во Вараждин без здив и за потребниот исчекор. Се повреди притоа и капитенот Лазаров, па двата дуела со Шпанија и со Данска, кои ги освоија првите две места во групата ги загубивме со двоцифрена разлика. Сепак другите четири натпревари нашите ракометари ги одиграа на високо ниво и нијанси не делеа од тоа покрај двете победи да запишеме уште две. Со самото тоа горчината на резултатите ќе ја немаше. Европскиот првак Германија се извлече и прашање е само каков ќе беше исходот ако Стоилов погодеше. Слична драма и во Вараждин со Чешка водство 50-тина минути, потоа два помашени седмерци во последните пет минути и победа на противникот, а горчината на поразот за македонските ракометари.
Првенството донесе и позитивни работи, покрај победите над Словенија и Црна Гора. Голманот Митревски беше рамо до рамо со Ристовски, на последниот дуел со Данска имавме бековска линија Талески-Кузмановски- Велковски, трио кое треба допрва да се докажува на меѓународната сцена, но покажа дека сериозно може да се смета на нив, секако тука заедно со Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, како и Филип Лазаров кој ги искористи своите минути. Стоилов доби поддршка од Пешевски. Малку и заради играта крилата ни беа отсечени, но Поповски сосема солидно ја заврши работата. Манасков е нашиот најдобар стрелец. Мирниот Раул од клупата со поставената тактика стигна до две победи и реми во Загреб. Затоа пак во Вараждин остана дилемата зошто го чуваме Миркуловски на клупата против Шпанија, а Кузмановски на дуелот со Чешка.
Нашата репрезентација како и на сите првенства досега имаше огромна поддршка од навивачите, кои во Загреб беа повеќе од 3.000, а неколку илјади беа и во Вараждин.
Македонија поради пласманот во втората фаза од шампионатот успеа да се избори да биде во групата носители за претстојната ждерпка за бараж дуелите за СП 2019 година.
Ново на Сител
-
Тошковски: Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука
-
Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин
-
Едно лице загина, а десетици се повредени во земјотресот на медитеранскиот брег на Турција
-
По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“
-
Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност
-
ДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“