Ангеловски: Група што треба да се мине
Македонија стартува од септември во првото издание од Лигата на нациите. Во групата се Македонија, Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар. Селекторот Ангеловски очекува провото место да го решат дуелите со Ерменија:
„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата. Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува” - изјави селекторот Игор Ангеловски.
Ново на Сител
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички