Свет
15. October 2015 - 8:58

САД планираат да испорачаат на Саудиска Арабија девет хеликоптери „Блек хоук“

САД планираат да продадат на Саудиска Арабија девет десантно-транспортни хеликоптери „Блек хоук“ и соодветна опрема како навигациски системи и вооружување, пренесува ТАСС.

Вредноста на договорот е околу 495 милиони долари, соопшти специјалниот Оддел при Министерството за одбрана. 

Одлуката за исполнување на договорот, каква според националното законодавство дава Стејт департментот, веќе е добиена. Администрацијата во вторникот официјално го извести Конгресот за одлуката и законодавците имаат 30 дена да го разгледаат договорот.