Аманатидис: Повеќе од 140 земји го користат името Република Македонија
Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јанис Аманатидис во изјава за Скај не го отфрли терминот „Македонија“ како дел од предлогот за решавање на прашањето за името и напомена дека привремената референца веќе го содржи тој термин.
- Повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија - рече Аманатидис, коментирајќи ја изјавата на Нимиц дека во предлогот ќе биде содржан терминот „Македонија“.
Тој потенцира дека целта на Атина е сложено име за севкупна употреба, кое ќе се користи и во Македонија и надвор од неа, како и елиминирање на иредентизмот од страна на Скопје.
Тој во изјавата не спомена географска одредница. Додаде дека постојат други параметри, кои ќе го одредат текот на преговорите и ќе ја разјаснат грчката дипломатија.
Во врска со ставовите на архиепископот Јероним, Аманатидис истакна дека Владата секогаш го зема предвид мислењето на црквата, но сепак Владата е одговорна за преговорите.
Архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, уште еднаш напомена дека позицијата на Грчката православна црква е јасна и оти таа е против терминот „Македонија“ да се содржи во името.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?