Македонија
15. January 2018 - 11:45

Уапсен маж од Тетово кој се претставувал како полицаец

Четириесетгодишен тетовец кој лажно се претставувал како полицаец, синоќа е приведен на магистралниот пат Гостивар-Кичево, се наведува во полицискиот билтен.

Синоќа во 20 часот и 10 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево било забележано паркирано патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓал 40- годишниот С.М од Тетово. Од страна на полициски службеници бил направен преглед на возилото и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на С.М, фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот „полиција“, информираат од полицијата.

Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик на Република Македонија, С.М, кој е евидентиран како сторител на кривични дела “измама“, бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.