Апсење пред Сити Мол - прилепчани фатени со големо количество на оружје
Тројца прилепчани уапсени во близина на трговскиот центар Сите Мол во Скопје
- На 10.01.2018 година околу 21,50 часот полициски службеници од ПС Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа“ при контрола на патничко возило “Форд фокус“ со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ “Сити Мол“ откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција. Имено при прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка “Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка “Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка “Екол Алп“ кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум непознат калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго, стои во соопштението на МВР
Истовремено во ПС Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа
-
9-годишно девојче со потекло од Македонија се удавило во река во Италија
-
Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места
-
Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ - Западен Балкан
-
Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме