-->
-->
Трамп в петок веројатно ќе го продолжи замрзнувањето на санкциите кон Иран
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп в петок, кога е крајниот рок, треба да донесе одлука дали ќе биде продолжено замрзнувањето на економските санкциите на САД против Иран.
Анонимни извори од Администрацијата на Трамп, посочија дека замрзнувањето на економските санкции, што беше усвоено по склучувањето на меѓународниот договор за ограничување на иранската нукеларна програма во 2015 година, ќе биде продолжено.
Изворите, исто така нагласија и дека Трамп веројатно истовремено ќе воведе целни санкции кон ирански физички и правни лица, што беа укинати во 2015 година.
Таквата одука би можела да ја доведе во прашање одлучноста на Иран да ги исполнува своите задолженија од нуклеарниот договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осумдесет години од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Фридрих Мерц денеска треба да биде избран за нов германски канцелар
-
Мицкоски и Таравари ќе ги продолжат разговорите за функционирањето на АА во Владата
-
Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите
-
Земјава денеска ќе го преземе претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива
-
Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-
Федерален апелациски суд го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти
-
Хегсет: САД го намалуваат бројот на високи офицери за најмалку 20 отсто