-->
-->
EП 2016: Белгија и Португалија меѓу носителите
-->

Фудбалските репрезентации на Англија, Белгија и Португалија ќе бидат меѓу носителите на жрепката за Европското првенство кое наредното лето ќе се одржува во Франција.
Европската фудбалска унија (УЕФА), во среда, ги сооопшти имињата на носителите на жрепката.
Првиот барабан го предводат актуелниот светски првак Германија и европскиот шампион Шпанија, односно домаќинот Франција. Исто така носители ќе бидат и Англија, Белгија и Португалија.
Италија, Русија, Швајцарија и една екипа од баражот ќе бидат во вториот барабан. Познато е дека Албанија, Велс, Северна Ирска и Исланд извлекувањето на групите ќе го челаат до четвртиот барабан.
Преостанатите учесници во вториот, третиот и четвртиот барабан ќе бидат познати по одигрувањето на четирите бараж двомечи.
Жрпката за бараж натпреварите ќе биде извршена в недела, на 18.октомври во 11.20 часот во Нион. Носители ќе бидат Босна и херцеговина, Украина, Шведска и Унгарија, а не носители се Данска, Република Ирска, Норвешка и Словенија.
Првите бараж натпревари ќе се одиграат на 12, 13, 14 ноември, а реваншите на програмата ќе бидат на 15, 16, 17 ноември.
Извлекувањето на групите за Европското првенство ќе биде извршено на 12.декември во Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕУ и препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странци
-

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада
-

Јокиќ постигна 55 поени во триумфот на Денвер против Клиперс
-

Поларна светлина на небото над северна Белгија и Холандија
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
