Ужас како на бојно поле: Свлечиштата ја урнаа Калфорнија, досега 13 мртви

Најмалку 13 лица загинаа во Јужна Калифорнија која ја погоди зимска бура носејќи рекордно количество дожд во оваа американска држава, што предизвика поплави и свлечишта.
Како што се наведува 163 лица се повредени и префрлени во болница, а четворица се во критична состојба.
Се наведува дека околу 300 луѓе се заробени источно од Санта Барбара.

Полицијата истакнува дека сцените од свлечиштата „изгледаат како бојно поле од Првата светска војна“.
Спасувачките екипи со хеликоптери ги евакуираат луѓето кои се качија на покривите.
Се наведува дека едно 14-годишно девојче е извлечено од срушена куќа во Монтесито, каде била заробена со часови.

На жителите од округот Санта Барбара им е наложено да се евакуираат, но тоа го направиле само 15 отсто од жителите.
Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите ќе расте.
Куќите од свлечиштата се изместени од темели, додека водата носи кал и дрвја од оголените ридести подрајчка низ населбите до клучните сообраќајници.
Повеќето куќи се уништени, додека неизвесна е судбината на жителите до кои тешко се доаѓа поради паднатите стебла и далекуводи.
Патиштата се блокирани, поради што хеликопетерите се користени во текот на бурата, а илјадници луѓе останаа без струја.
Спасувачките екипи со хеликопетри ги извлекуваат луѓето и ги носат на безбедно место, додека пожарникарите - спасители се пробиваат низ кал во висина до половина. На одредени места наносите од кал се високи и до метар ипол.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат превртени автомобили долж закрчените патишта и кал до половина во дневните соби на загрозените куќи.
Екипите работат на расчистување на кршот на патиштата во пошироката област на Лос Анџелес.
Налозите за евакуација се издадени во понеделникот, зошто метеролозите прогнозираа свлечишта на ридовите каде минатиот месец беснееја досега најголемите пожари во Калифонија, уништувајќи ги дрвјата.
Првата позначајна бура оваа сезона донесе во поголемиот дел од Калифорнија силни ветрови и бури, а рекордни дожови се забележани во заливската област на Сан Франциско.
Метеролозите издадоа предупредување за поплави и прогнозираа студен бран проследен со силни ветрови кој можеше во Лос Анџелес да донесе поголемо количество дожд отколку што имаше паднато во последните 10 месеци вкупно.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
