Струмичкиот карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Трите главни карневалски денови се 16, 17 и 18 февруари.
Со традиционалниот маскенбал (16 февруари) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (17 февруари) на интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.
Според претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, се очекува учество на дваесетина карневалски групи од странство.
- Во најголем дел странските карневалски групи го потврдија учеството. Годинава посебен акцент ставаме на групата од Аруба (Карипските острови) која ќе има специјален настап после карневалот со настап на диск џокеј на бината во рамките на т.н. „Аруба вечер“. Се очекуват и сите домашни групи кои традиционално учествуваат на карневалот, а годинава имаме идеја да воведеме стимулативна мерка за учество на нови карневалски групи на нашиот карневал, вели Цицимов.
Тој додава дека и покрај тоа што новиот Организационен одбор, кој што беше избран на 27 декември лани поради одржувањето на локалните избори, и започна со подготовките по нова година, нема да биде пречка навреме да бидат завршени сите подготовки за уште едно гламурозно издание на Струмичкиот карневал.
Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 18 февруари на плоштадот во Струмица, а на 19 е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 20 февруари. Карневалските празнувања завршуваат на 21 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
