Јункер предложи посредништво во решавање на спорот меѓу Словенија и Хрватска

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предложи посредништво меѓу Словенија и Хрватска, која ја отфрли одлуката на меѓународната арбитража и со тоа на Љубљана и се додели суверенитетот врз малиот Пирански залив во Јадранското Море.
- Сакаме да се обидеме да посредуваме меѓу двете позиции, очевидно врз основа на одлуката на арбитражниот суд, истакна Јункер, без да навлегува во детали за планираното посредување.
Во јуни Постојаниот арбитражен суд во Хаг пресуди дека над две третини од Пиранскиот залив и припаѓаат на Словенија, со цел да стави крај на спорот кој датира од распадот на Југославија пред 25 години.
Арбитражниот суд го посочи 30 декември 2017 година за датум за стапување во сила на одлуката. Но, Хрватска, која има претензии врз половина од оваа морска територија, ја отфрли арбитражата и на 30 декември утрото три хрватски рибарски бродови, придружувани од патроли на хрватската полиција, влегоа во водите, доделени на Словенија од страна на судот.
Јункер го искористи поводот за посетата на Брисел на новиот словенечки претседател Борут Пахор, за да ги искритикува Словенија и Хрватска поради овој спор.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
