Детали за страшната сообраќајка на Бадник: Четири девојки повредени, две потешко

Четири девојки се повредени од кои две потешко во сообраќајната несреќа што се случила утринава во 03.50 часот на магистралниот пат Штип-Струмица кога патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки излетало од патот.
Како што соопшти МВР, возилото управувано од Д.З. (21) од Штип откако излетало од патот удрило во две дрва кои се скршиле и паднале при што едното дрво паднало врз паркирано патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј. од Куманово.
– По незгодата, возачот и сопатничките М.Д. (19), М.П. (19), Т.Н. (18) и З.П. (19), сите од Штип, биле пренесени во Клиничка болница Штип каде им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите М.Д. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Т.Н. со тешки телесни повреди била задржана на лекување во Клиничката болница Штип, како и З.П. и М.П., кај кои биле констатирани телесни повреди. Возачот Д.З. е задржан на испитување во болницата во Штип, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила екипа од СВР Штип.
Ново на Сител
-

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието
-

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-

Израел ги предупредил САД за наводен ирански план за убиство на Трамп
-

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините
-

Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
-

Сончево со мала облачност
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
