-->
-->
Северна Кореја испрати порака до светот: Не запираме, нуклеарната програма нема да се менува
-->
Северна Кореја не планира да прави промени што се однесува до политиката на земјата за нуклеарна и ракетна програма, пишува националната новинска агенција во Пјонгјанг.Од Пјонгјанг испраќаат порака до светот да не очекува никаква промена во политиката на земјата и дека нејзината суштина како непобедлива сила не може да се занемари ниту да се надмине.
„Пробните обиди на САД против Северна Кореја во политички, економски, воени, дипломатски и во сите други сфери не можат да го сопрат напредокот на нашата земја“, стои во соопштението од Пјонгјанг.
Изминатава година Северна Кореја изврши вкупно 16 тестови на проектили, а досега најсилната нуклеарна проба се случи на трети септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
