-->
-->
Хан е загрижен што се пробиваат роковите за имплементирање на политичкиот договор
-->

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан е сериозно загрижен од неуспехот на четирите главни политички партии во Македонија да се договорат околу Изборниот законик и идниот изглед на Државната изборна комисија и дека со тоа веќе ги пробиваат поставените рокови за целосна имплементација на политичкио договор од 2. јуни и 15. јули.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, ја пренесе пораката на загриженост на Хан кој беше посредник при постигнувањето на договорот што стави крај на политичката криза во Република Македонија.
- Комесарот Хан многу внимателно ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е целосно во тек со моменталните одложувања во донесувањето одлуки за клучните прашања. Тој е загрижен дека некои од роковите што се договорени од страна на политичките лидери не се исполнети. Потребно е итно да се направи напредок за носење на одлука во врска со изборните реформи и воспоставување на Државната изборна комисија и да се обезбеди правилно функционирање на канцеларијата на Специјалниот обвинител и формирање на Анкетната комисија, порачува гласноговорничката на Еврокомисијата.
Според Коцијанчич, Брисел очекува „политичката волја треба да биде преведена во договор за отворените прашања, со компромис од страна на сите, а во интерес на земјата”.
- Комесарот Хан се надева дека повеќепати изразената посветеност за целосно спроведување на политичкиот договор од страна на четирите политички партии ќе овозможи да се финализира договорот за сите овие прашања во многу кратко време, бидејќи времето истекува, предупреди Маја Коцијанчич во име на еврокомесарот за преговори за проширување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соборно литургиско чествување по повод Денот на сите македонски светители и 40 години од епископската служба на архиепископот Стефан
-

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон
-

Стартува 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, со рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји
-

Студено наутро, сончево и релативно топло преку ден
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
