Македонија
24. December 2017 - 17:19

Честитка од Мицковски по повод католички Божик

 Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод католичкиот Божик упати честитки со скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.
 
- Нека Рождеството Христово роди нова надеж во вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божик е празник на семејството. Божикната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските, вели Мицковски.
 
Божик, додава тој, учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божик учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството.
 
- Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во честитката