Бројот на мигранти кои пристигнале во Германија годинава значително се намалил

Бројот на бегалци кои пристигнуваат во Германија преку Австрија, Чешка и Швајцарија, оваа година значително се намалил, покажуваат податоци на германската полиција.
Во Баварија и Баден-Виртемберг, две од германските покраини кои граничат со овие три земји, до крајот на ноември влегле 19.600 бегалци, додека нивниот број во истиот период минатата година изнесувал речиси 47.000, соопшти претставник на полицијата.
Баварската погранична полиција годинава регистрирала 410 обиди за нелегален влез во провинцијата, во споредба со 665 во претходната. Повеќето бегалци кои пристигнале во Баварија се на возраст од 16 до 35 години и доаѓаат од Нигерија, Авганистан, Сирија и Ирак.
Повеќето бегалци кои влегле во Баден-Виртемберг, се од Гвинеја, Нигерија и Еритреја, како и од Сомалија и Гамбија.
Во меѓувреме, германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ јави дека Германија почнала да гради два прифатни центри за млади луѓе во северно Мароко. Во центрите ќе бидат сместени деца без дом од локалното население и малолетни мигранти, депортирани од Германија. Во нив ќе можат да се сместат и млади на возраст под 18 години кои доброволно се вратиле но и осудени престапници кои биле принудно депортирани.
Германија уште во март годинава соопшти дека планира да изгради прифатни центри, кога статистичките податоци покажаа дека во земјата има 48.000 малолетници без придружба. Двата објекти во Мароко ќе обезбедат засолниште за 100 лица и нудат образование и други форми на поддршка.
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
