Пет сообраќајки во Скопје, двајца полесно повредени
Две лица биле полесно повредени во две од вкупно пет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје, а во три незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаци, двајца возачи за неправилно престројување и четворица возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири нерегистрирани возила. Затекнати биле 95 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ОУ „Наум Охридски“ во местото Црешево и во Подрачното ОУ во местото Булачани кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба. гв
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава