Бизнис без политика и ориентација кон извоз за поголем економски раст, препорачуваат академиците
Владата да обезбеди поволна бизнис клима и да престане да се меша во бизнисите. Само така ќе се забрза растот на економијата која засега нема клучен мотор за придвижување,смета академикот Таки Фити. Според него неопходно е да има квалитет во јавните набавки и да се реализираат јавните инвестиции. Блокираните градежни работи на автопатите мора да продолжат, а многу значаен проект е и гасификацијата која треба да се реализира.
- Најголем проблем во бизнис климата беше досегашното големото инволвирање на политиката од бизнисот. Да престане практиката на делење на бизнисите на ваши и наши. Тоа е прва работа која ја расипува бизнис климата, рече Фити, потренцирајќи дека јавните набавки мора да ги добиваат квалитетни фирми со перформанси.
Со констатациите на академиците се согласи и вицепремиерот Анѓушев . И според него состојбите во економијата не се најдобри, а излезот од ваквата состојба го гледа во формирањето на фирми кои се извозно ориентирани.
Според академикот Таки Фити годинава економијата нема да оставри повисока стапка на раст од 0,5 %. Проектираната стапка од 3,2 отсто за следната година е реално остварлива и не е висока. По кризниот период и консолидирањето Македонија треба да тежи кон потенцијалната стапка на раст, помеѓу 4,9 и 5, 5 %.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар