Чавушоглу: Турција ќе ги почитува правата на мигрантите и бегалците
Турција мора да ги заштити и да ги почитува правата на сите мигранти и бегалци, оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по повод Меѓународниот ден на мигрантите.
- Нашиот свет е во движење низ историјата. И денес не е поинаку, бидејќи милиони луѓе бараат нови домови подалеку од нивните места на раѓање, напиша Чавушоглу на неговиот твитер профил.
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мигрантите турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во Анкара организираше конференција на која говореше претседателот на Турција. Реџеп Тајип Ердоган.
Обединетите нации го прогласија 18 декември за Меѓународен ден на мигрантите, а годинава тема на одбележување е “Безбедна миграција во светот во движење".
- Миграцијата отсекогаш била со нас. Климатските промени, демографијата, нестабилноста, зголемените нееднаквости и аспирациите за подобар живот, како и постојаните потреби на пазарите на трудот, се фактори кои влијаат врз луѓето за промена на своите живеалишта, изјави по повод Меѓународниот ден на мигрантите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Според него, потребна е ефективна меѓународна соработка во управувањето со миграцијата за да се обезбеди соодветна заштита на човековите права на сите засегнати.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228