Во Штип заврши првата „Текстилијада“
Со изложба на постери насловена „Текст, силна, текстилна“ на универзитетскиот професор на Ликовната академија во Штип, Јана Јакимовска и со изведбата на монодрамата „Сонот на обесправените“ напишана и изведена од текстилната работничка Ивана Грозданова заврши првата „Текстилијада“ во Штип.
Текстилната работничка Грозданова вели дека во монодрамата се зборува за нејзиното, но и за сведоштвата на текстилните работнички, кои се соочуваат со кршење на работничките права во овој сектор. Смета дека е потребна солидарност и поголема борба на работниците со цел да не се соочуваат со злоупотреби, како што е исплатата на миниминалната плата или исплатата на регресот за годишен одмор.
- Време е ние работниците да ги земеме работите во свои раце и ова е наша борба, моја, твоја на последната до нас и само заедно и сложни можеме да дојдеме до права и правда, порача Грозданова.
Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека во изминатите 11 месеци додека се одвивал проектот со штипското здружение „Гласен Текстилец“ има будење на свеста кај текстилните работнички, но и на државните институции, како што е Државниот трудов инспекторат, кој што постапувал по нивните претставки кои ги добиле од работниците. Но, вели, и понатаму треба да се работи на поголема информираност на работниците за нивните права, кои им следуваат согласно законите.
Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“ истакна дека во изминатите два дена добиле поддршка од локалната власт, но и од претставниците на политичките партии, кои биле дел од дебатите кои ги организираа во рамките на „Текстилијадата“.
- Ние продолжуваме и понатаму со дебатите, се надевам дека овие позитивни искуства кои ги имавме во Штип барем ќе ги продолжеме и во останатите градови во источниот регион. Се надеваме и на поголем слух од страна на државните иснтитуции, а очекуваме и средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на која ќе и ги презентираме нашите искуства и барања на работниците од текстилниот сектор, вели Ампева.
Првата „Текстилијада“ во Штип ја реализираа здружението „Гласен Текстилец“ во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, а поддршка добија од Фондацијата „Фридрих Еберт“-Скопје и Министерството за култура преку Нов културен бран.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер