-->
-->
Погледнете до сега необјавени снимки: Вака изгледале застрашувачките нуклеарни тестови за време на Студената војна
-->
Националната библиотека во Ливермор, Калифорнија, објави збирка од 60 снимки на американски нуклеарни тестови, кои никогаш досега не биле видени.Видеата ја покажуваат целата моќ на оружјето кое можело да го избрише светот во случај кога Студената војна би тргнала погрешно.
Тестовите се спроведени од 1945 до 1962 година во време кога САД и Советскиот Сојуз испробувале се повеќе и помоќни системи за нуклеарно оружје.
Физичарот Грег Спригс планира да ги анализира и дигитализира околу 10.000 клипови кои покажуваат околу 210 нуклеарни тестови.
"Јавноста има право да ги види овие снимки. Не само што ја зачуваме историјата, туку ќе добиеме многу подобри одговори на нашите прашања", рече тој.
Објавените снимки ги покажуваат тестови во пустината Невада и на островите на Пацификот, вклучувајќи ги и операциите Доминик, Харттрек, Редвинг и други.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
