Врачена државната награда „11 Октомври“
Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста и во образованието и науката.
Добитници на наградата „11 Октомври„ за 2015 година се писателот и академик Митко Маџунков во областа на културата и уметноста, а во областа на науката и образованието ја добија проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.
Секое постигнување на полето на науката, културата, уметноста, здравството, секој напишан труд, поема, роман, насликано дело, спасен живот..., според Надица Митреска член на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, претставува уште едно востание за уште една извојувана побеада за креативност, оригиналност и изразување.
- Оддавањето признание за овој современ тип на борба, претставува акт на поддршка на современата македонска држава на прогресот и демократијата. Се надевам дека државната награда „11 Октомври“ уште долго ќе претставува симбол на независна, слободна, демократска Република Макеоднија и ќе биде показател на стремежот кон хармонија и напредок, рече Митреска.
На Доделувањето на наградата присуствуваа претседталот на Република Македонија Ѓорге Иванов, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, пратеници...
Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки