-->
-->
Обилни снежни врнежи ја парализираа Велика Британија
-->
Делови на Велика Британија денеска се зафатена од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа застои и блокади во копнениот и воздушниот сообраќај.Британската метеоролошка служба објави „жолто“ предупредување од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс.
Поради снегот има застои на повеќе патни правци во земјата, а доцнат или целосно се откажани повеќе возови и авионски летови.
Во реонот на Сенибриџ во Велс е формирана снежна покривка од 28 сантиметри, додека во местото Хај Вејкомб, во близина на Лондон, наврнале 12 сентиметри снег.
Аеродромот во Бирмингем и лондоснкиот „Станстед“ ги откажаа сите летови поради замрзнување на пистите, а во реонот на Лестер целосно беше прекинат сообраќајот на автопатот М1, кој го поврзува Лондон со североисточниот дел на Англија, .
Велшката полиција им препорача на граѓаните без поголеми потреби да не заминуваат на пат.
Британската железници информира дека поради снегот се регистрирани поголеми доцнења на над десет возови, во најголем дел во реонот на Бирмингем.
Поради „неповони временси услови околку теренот“ откажен е и еден рагби натпревар во Лондон. сп/14:52
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
