Скопјанец извршил тешка кражба во ординација за протетика
Секторот за внатрешни работи од Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Б.А.(20) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.
Како што информира денеска МВР, Б.А. од Скопје се стекнал со противправна имотна корист од околу 201.000 денари и причинил материјална штета во висина од околу 10.000 денари.
Кривичното дело пријавениот го извршил на тој начин што откако дошол до Ординацијата за протетика „Мак дентал“ на улицата „Христо Татарчев“ со употреба на физичка сила и погоден алат, делувал меѓу крилото и рамката на влезната врата по што ја отворил. Влегол внатре, направил претурање и пребарување по работните маси, каде пронашол и украл една печка за печење порцелан за заби и разни шишенца со медицински прашоци по што го напуштил местото на настанот.
Украдените предмети им ги продал на непознати лица на Бит пазар и парите добиени од продажбата ги користел за свои потреби.
Ново на Сител
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
