-->
-->
Жална вест: Исчезнатата професорка Снежана Тројачанец пронајдена мртва
-->
Педесет и две годишната професорка на Земјоделскиот факултет во Скопје Снежана Тројачанец е пронајдена почината. Информацијата е споделена на социјалните мрежи во име на синот на Снежана.Инаку Снежана Тројачанец (52) вчера утрото во 6 часот излегла од семејниот дом и не се вратила дома. Нејзиниот сопруг П.Тројачанец шест часа потоа помош побарал од полицијата.
За нејзиното исчезнување сопругот ги известил полициската службеници во полициската станица во Ѓорче Петров. На полицијата ѝ кажал дека таа излегла од дома и заминала во непознат правец.
Според нејзиниот сопруг, Тројачанец се лекува од депресија и таа последниот месец не излегувала од дома и била на домашно лекување.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
