Сугарески: Интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобри транспортни услуги
- Договорот за основање на транспортна заедница треба да обезбеди интеграција на транспортниот сектор на регионот со тој на Европската унија, како потврда на заложбите и поддршката на ЕУ на политиката на проширување, рекол министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во обраќањето на министерскиот совет на земјите од Западен Балкан, основачи на Транспортната заедница, што се одржа во Брисел.
На состанокот кој присуствуваше и комесарката за транспортна политика на Европската комисија, Виолета Булц Сугарески истакнал дека целосното усогласување на домашната регулатива со регулативата на Европската Унија не е потребно само заради аспирациите на Македонија за членство во Унијата, туку, пред се, заради подигнување на нивото на транспортните услуги и тоа во полза на корисниците и на давателите на услугите, соопшти Министерството за транспорт и врски.
- Доколку се осврнеме на придобивките, предизвиците и очекувањата од претстојната имплементација на Договорот, најпрво сакам да истакнам дека ова е во согласност со започнатиот процес на интеграција на Република Македонија и нашите аспирации за членство во Унијата. Дополнително, глобализацијата и меѓузависноста на економиите, особено европските, во сите дејности вклучително и транспортот, претставува аргумент плус за претстојните реформи кои ќе бидат резултат на имплементацијата на Договорот, рекол Сугарески.
Како што потенцирал, основањето на Транспортната заедница ќе ги забрза секторските реформи и либерализацијата на пазарите во земјите до Западен Балкан, додека на подолг рок ќе придонесе за подобра ефикасност и пониски трошоци на транспортните услуги.
Во обраќање, пак, на 13-от состанок на министрите за транспорт во рамки на СЕЕТО мрежата, ја потенцирал важноста на изградба и моденизација на транспортните Коридори 8 и 10 кои имаат висок приоритет за Република Македонија, регионот и Европската Унија, како и заложбата на Владата на РМ за реализација на проектитете кои се одвиваат на овие коридори.
Сугарески е дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, што престојува во дводневна работна посета на Брисел.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
