Државниот врв со порака за единство на ден пред големиот 11 Октомври
Единство, сполотеност и обединување, тоа е клучот за напредокот на МАкедонија. Да се тргнат настрана тесно политичките и партиски интереси, целат и на власта и опозицијата треба да биде само една а тоа е нашата татковина. Оваа порака ја испрати првиот праламентарец на свечената академија во пресрет на најоголемиот државен празник 11 Октомври.
Вељаноски вели дека земјава се соочува со досега најголемата криза и таа треба да се надмине преклу национален и државен консензус.Треба да се најде шансата за МАкедонија, аманет кој пред 74 години го оставилие антифашистите.
-Не смееме да дозволиме оваа состојба да продолжи во недоглед, македонија беше создадена да бидер држава а не протекторат, да ги решиме отворените прашања заедничики со помош на нашите пријатели, изјави Вељаноски
На свечената академија која годинава е по покровителство на претседателт на собранието, присуствуваше целиот државен врв. Претседателот Ѓорѓе Иванов, ппремерот Никола Груевски, валдими министери, пратеници, пртсатвници од дипломатскиот кор. По повод прарзникот , И шефот на државата со иста порака на единство и сплотеност.
Затоа ќе истраеме сплотени и обединети, бранејќи ги највисоките македонски интереси пред кои сме соочени денес. Предизвиците ќе ги совладаме како и во минатото, еден до друг, сите етнички заедници во земјава, Македонци и Албанци, Турци, Срби, Бoшњаци, Власи и Роми. Нашата традиција за соживот е нашето најдобро оружје во борбата за успешна и просперитетна држава.
Затоа ве повикувам сите заедно, сплотени, да ја градиме Република Македонија како дел од големото европско и светско цивилизациско семејство на кое природно припаѓаме и каде ја гледаме нашата иднина.
Премерот Груевски обраќајќи се од граќаните на репубоила македонија и до жителите на македонската дијаспора порачува дека земјава е многу повеќе од еден правен концепт - таа е идеал во кој се рефлектира човечката желба за слобода и непоколебливата истрајност на патот до среќата и остварување на соништата на луѓето.
Нашата мисија денес е да ја издигнеме Македонија кон нови успеси и да ја донесеме до нови победи, овој пат поинакви, но еднакво делотворни за сите граѓани. Напорите за економски развој и борбата за секое ново-отворено работно место, вложувањата во здравството, во образованието и инвестирањето во квалитетни и повисоки стандарди во македонското образование кои ќе обезбедат посигурна и просперитетнa иднина за нашите млади, инвестициите во инфраструктурата, во изградбата на патишта, железници, како и помошта за македонскиот земјоделец чија работа и труд заслужува вреднување и почит, е нашата борба, но и порака за зачувување на споменот за безбројните јунаци кои се жртвуваа за темелите на она што денес го градат нашите генерации.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар