Медицинска сестра објави вознемирувачка фотографија: Вака изгледа вистински итен случај (ФОТО+18)
Медицинска сестра од Германија на Фејсбук објави фотографија на која сака да им покаже на пациентите како изгледа „вистински итен случај“.
Медицинската сестра Кеј Милер, фрустрирана од пациентите кои без причина доаѓаат во итната служба, неодамна објави фотографија од болничка соба за итниот прием на пациенти.
Фотографијата прикажува соба во хаос после операција, прекриена со медицинска опрема и многу крв.
Под фотографијата напишала: „Повторно имав пациент во брзата помош, кој ја прашал зошто чека два часа. Сакам да му ја покажам оваа фотографија.“
Мажот навел дека пати од некој облик на настинка, а Милер верува дека оваа фотографија ќе докаже дека неговиот „итен случај“ може да причека.
-Извинете на изразувањето, но мрзата и недостатокот на независноста кај луѓето се стварно застрашувачки. Се прашувам како таквите луѓе може да го пронајдат патот до итната служба, но не и до својот матичен лекар, порача Милер.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја