-->
-->
Сообраќајот по наместа влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка
-->
Сообраќајот низ државата се одвива тековно, по наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места. Слаб снег провејува на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот, информира ЈП Македонија пат.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел