Фудбал
3. December 2017 - 17:47

Серија А: Голманот на Беневенто го обезбеди првиот прволигашки бод

Фудбалерите на Беневенто по 15 порази го освоија првиот бод во Серија А и тоа против Милан со кој ремизираа 2-2. 

Приказната да биде интересна се погрижи баш голманот на домашниот тим кој реализира во 95м за израмнување и голема радост на домаќините. 
Милан на двапати водеше со головите на Бонавентура и Калиниќ но Пушкаш и голманот Брињоли се погрижија за сензационалното израмнување што е прв историски бод за Беневенто во Серија А. 
На клупата на Милан неславно дебитираше Џенаро Гатузо кој дојде на местото на сменетиот Винченцо Монтела. 
https://