Мајкл Флин призна дека го лажел ФБИ за Русија
Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, денеска се изјасни за виновен по обвинението дека го лажел ФБИ за неговите контакти со рускиот амбасадор во САД, како што тврдеше Канцеларијата на специјалниот истражител за случајот во судските документи објавени во петокот.
Пензионираниот генерал Флин, беше разрешен од функцијата советник за национална безбедност во Белата куќа во февруари годинава, откако беше откриено дека не го информирал потпретседателот Мајк Пенс за неговите контакти со рускиот амбасадор.
Тој главна фигура во федералната истрага за влијанието на Русија на претседателските избори во 2016 година во САД и можната соработка со кампањата на Трамп, што ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер.
Неговата канцеларија го обвини Флин дека го лажел ФБИ во изјава дадена на 24 јануари годинава.
Флин ги излажал агентите на ФБИ дека во декември 2016 година не побарал од рускиот амбасадор во САД да се воздржи од ескалација на ситуацијата откако Вашингтон и воведе санкции на Москва, тврди Мјулер во обвинението.
Санкциите беа воведени од претседателот во заминување Барак Обама.
Поранешниот советник на Трамп, исто така, лажел дека не се сеќава на тоа оти рускиот амбасадор изјавил дека Москва решила да биде умерена во својот одговор на американските санкции, поради барањето на Флин, се наведува во обвинението.
Во него, исто така, се наведува дека Флин излажал оти претходно не побарал од рускиот амбасадор Русија да го одложи гласањето или да гласа против една резолуција на Советот за безбедност на ОН и дека амбасадорот никогаш не го пренел рускиот одговор на тоа барање.
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори