Ова мора да го погледнете - Еве како ХИВ вирусот го напаѓа организмот!
На научниците им успеало да ја забележат до сега невозможната работа. Сега имате можност да видите како ХИВ вирусот се шири низ телото. Медицината денес знае премногу за ХИВ вирусот, за тоа како се пренесува, како изгледа животниот цуклус на вирусот, а многумина и предвидуваат во кој момент заразениот ќе заболи од сидата. Но десега не беше сосема јасно како тоа ХИВ вирусот ги "напаѓа" клетките, а потоа “скока“ од една на друга и се шири низ целото тело.
Студентите Јелена, Гзавер и Волтер, го вбризгале вирусот во линфните јазли на успиен глушец, а потоа со фото-ласерски скенер успеале да забележат момент во кој ХИВ вирусот го разорува имунитетот, каде ги убива т-лимфоцитите. Се покажало дека вирусот се врзува за еден протеин од макрофагата (една врста на бели крвни зрнца во лимфата), кои се клучни келии што ја претставуваат првата линија на одбрамбените организми од напаѓачот или ХИВ вирусот.
Овие студенти се надеваат дека ова откритие многу може да помогне за конечно пронаоѓање на лек против оваа застрашувачка болест. Не пропуштајте да ја погледнете единствената снимка снимена под микроскоп на која се гледа како ХИВ ги уништува клетките.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
