ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето за „Поткуп“ доказ дека судството е под притисок на СДС
Одложувањето на рочиштето за предметот „Поткуп“ на неопределено време е уште еден доказ дека судството под притисок на СДС го допре дното.
Правдата и законите во оваа држава важат за сите освен за Зоран Заев и криминалната врхушка околу него. Нема предмет, нема кривично дело за кое судењето не можело да почне повеќе од две години. Нема обвинет кој бил соочен со докази за кривичното дело и успеал повеќе од две години да го одложува почнувањето на предметот. Целата јавност виде како во функција на градоначалник на Струмица Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра по принцип „едно евро за Вицето, едно за црквата“, а судот трета година не може да створи услови за да почне да му се суди.
Досега беа измислувани десетици апсурдни причини за да се одолговлекува правдата. Судот му прогледуваше низ прсти и кога велеше дека не го признава и нема да ги почитува неговите одлуки, а го толерираше и кога одложуваше рочишта заради наводни средби со портири или други вработени по амбасади. Судиите не реагираа ниту кога им се закануваше со реизбор, а премолчуваа и кога во нивно име најавуваше процеси и притвори.
Судството под притисок на Зоран Заев и СДС, само годинава седум пати ги одложуваше рочиштата за поткуп на Заев. Истото тоа се случуваше и лани и во 2015 година. Секое ново закажување беше на се подолг рок, а врв на ваквото однесување е денешното одложување на неопределено време.
Истовремено судовите под притисок на Заев, рочиштата за политички конструираните случаи од страна на СЈО ги закажуваат секоја недела. За секој што не е член на СДС и не ги поддржува нивните деструктивни политики важат едни аршини, а за Зоран Заев сосема поинакви.
Зоран Заев мора да одговара за криминалот што го сторил. Ваквата партиско-политичка неправда и амнестирањето на криминалот на Заев мора да престане.
Невенка Стаменковска, ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа