Анкета: Речиси 60 отсто од Бугарите се среќни, над 60 отсто не се задоволни од животниот стандард
Над 60 отсто од Бугарите не се задоволни од стандардот на животот, 54 отсто не очекуваат тоа да се промени во следната година, се нагласува во резултатите од анкетата на „Тренд“ спроведена по барање на весникот „24 часа“.
Позитивни промени нагласуваат 21 отсто Бугари, а само 16 отсто сметаат дека животниот стандард ќе им се влоши. Помладите (18-39) се пооптимистични во врска со промената кон подобар животен стандард и за разлика од оние над 60 години каде две третини не очекуваат никаква промена. Само девет отсто се со став дека веројатно ќе останат без работа во следните 12 месеца.
Според анкетата, 98 отсто Бугари редовно купуваат леб додека 60 отсто можат да си дозволат купување месо. Секој петти Бугарин тврди дека има заштедено пари. Половина од анкетираните велат дека ќе живеат добро ако имаат месечни приходи од 1.000-2.000 лева.
Речиси 60 отсто од Бугарите се чувствуваат среќни – најмладите одговараат дека се најсреќни, но со напредување во возрасната група процентот на среќни се намалува.
Според анкетата, една третина Бугари не би се јавиле в полиција ако имаат проблем со безбедноста, туку кај свои блиски, јавува БТА.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога